„Тајмс“: Гвардиола може да биде новиот селектор на Англија!?

103

Угледниот британски весник „Тајмс“ излезе со информација дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола би можел да ја предводи репрезентацијата на Англија.

Според весникот, Гвардиола бил контактиран од Англиската фудбалска асоцијација за работа во репрезентацијата на Англија. Забележано е дека Сити сака да го продолжи договорот со Гвардиола, а Шпанецот ќе донесе одлука за својата иднина во наредните недели.

Шпанскиот тренер е на кормилото на „граѓаните“ од 2016 година. Договорот на 53-годишниот Гвардиола со клубот истекува следното лето.

Претходно во медиумите се појави информација дека Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) е подготвена да го почека Гвардиола, кој, според некои медиуми, има намера да ги напушти „граѓаните“ на крајот од сезоната 2024/2025.

ПретходноКапошвар и на реваншот со Струмица в среда без кинеското засилување
СледноФудбалските сили се обединија против ФИФА околу СКП 2025