Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин одговори на тврдењата на голем број водечки клубови и играчи дека фудбалскиот распоред е презафатен. Тој призна дека бројот на натпревари го достигнал својот максимален лимит, но нагласи и дека на ова се жалат само најбогатите клубови кои имаат најмногу играчи на високо ниво.
„Мораме да признаеме дека распоредот на натпревари ја достигна максималната граница. Сепак, влијанието не е исто. Некои клубови имаат голем обем на работа, но голем број други имаат повеќе од доволно капацитет да живеат удобно. За екипите со најголеми проблеми нема простор за повеќе натпревари. Кои се тие што се жалат? Оние кои имаат највисоки плати и имаат 25 играчи од врвно ниво. Тие што добиваат помалку пари и едвај имаат 11 играчи не се жалат и сакаат да играат“, изјави Чеферин на состанокот на Европската клупска асоцијација.
Ceferin (UEFA president): “Players complaining about the calendar? Who is complaining? Those who have higher salaries and those who have 25 top-level players. Those who earn less and only have 11 players don’t complain and they love to play.” pic.twitter.com/BhGOmZmyka
— Madrid Universal (@MadridUniversal) October 14, 2024