Ибрахимовиќ со тешка повреда на главата

9781
Фото: Златан Ибрахимовиќ/Инстаграм

Директорот на Милан и поранешен фудбалер, Златан Ибрахимовиќ има сериозна повреда на главата. Ова стана јасно од фотографиите објавени од него на социјалните мрежи. Тие покажуваат дека има прилично сериозна повреда на задниот дел од главата.

Швеѓанецот не даде дополнителни објаснувања околу причината за оваа повреда. Единствено што напиша на фотографиите е: „Дел од играта“.

Сепак, јасно е дека требало да оди на лекар за лекување на раната. Тоа се гледа и од објавените фотографии.

ПретходноНов скандал на повидок: Кошаркар на Барселона удри судијка по задник (ВИДЕО)
СледноРасистички скандал во Полска: Тренерот на Висла му порачал на Талант Душебаев дека е „е*ан Кинез“