Исник Алими: Момчето од Делогожди за кого Аталанта плати 1,2 милиони евра!

12818

Исник Алими е откритието во текот на овие натпревари во Ц Лигата на Нации во дресот на Македонија. Вчера во Ереван го одигра својот 11-ти меч за репрезентацијата и го имаше својот најдобар настап. Просто ја воодушеви целата наша фудбалска јавност, и не само поради голот, туку за се она што играчот за врска го прикажа на теренот.

May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

Од УЕФА доби голема оценка и беше прогласен за играч на мечот. И целиот свој настап го зачини со супер асистенција и со супер гол.

Исник е играч за повеќе позиции. Има 30 години и ако му кажеш да игра како стопер, како во Рига, ќе игра без проблем. Дали последен играч за врска, дали нешто понапред тоа нема врска, тој секогаш ќе одигра маестрално.

Штета што има 30 години, но и вака во него добиваме одлична опција во репрезентацијата најмалку за уште 2-3 години.May be an image of 4 people, people playing soccer, people playing football and text

ВО 2015 ГОДИНА АТАЛАНТА ЗА НЕГО ПЛАТИ 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА

Алими е роден во с.Делогожди во близина на Струга. Играл како дете во Влазними Струга во младите категории, како и за Охрид. Потоа во 2012 година прави трансфер во Новиград, клуб од Хрватска. Има неколку настапи, но доволно за него да слушне култниот клуб од Италија, Киево, каде оди во мај 2013 година. Прво игра за младиот состав на тој клуб, за да потоа биде регистриран и во првиот тим, сепак не добива шанса. Клубот од Верона постојано го праќа на позајмици. За да во јули 2015 година прави трансфер во Аталанта. Да, во Аталанта, а за него клубот од Бергамо на Киево му плаќа 1,2 милиони евра.

Но и во Бергамо момчето од Делогожди не добива шанса во првиот тим. Повторно позајмици и позајмици. Покрај другите игра и за Виченца и Римини, каде што е стандарден и игра по 30 мечеви во сезона. Пратен е и во Шибеник, каде исто така е стандарден. Сепак сонот и настап за Аталанта во Серија А не му се остварува.May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer, cleats and text

ЗА МАЛКУ ЌЕ ПОТПИШЕШЕ ЗА СТРУГА ТРИМ ЛУМ

Откако му завршува договорот со Аталанта, Алими се враќа во Македонија, во неговата Струга, каде во 2021 тренира со првиот тим на Струга ТЛ околу еден месец. Раководството на сегашниот шампион знаејќи каков играч е, на Алими му нуди договор со одлични услови. Тогаш тренер беше Срѓан Захариевски, но Алими се двоуми. И доаѓа во тие моменти понуда од Азербејџан, од тимот на Габала и Алими ја прифаќа. Во тој тим за две сезони има 61 настапи и постигнува 17 голови. Значи бил одличен, а тоа е препорака во јуни 2023 година да потпише за Сепси, клуб од Романија во кој нашиот репрезентативец е маестрален. За нешто помалку од година и половина на 40 меча за Сепси постигнува 8 голови, а нели е играч за врска па и стопер.May be an image of 5 people, people playing football, people playing soccer and text

И сега блеска во дресот на Македонија.

Тие што го познаваат доволно велат дека е скромно момче, се што направил во фудбалот го направил сам без никаква помош од другите и дека секогаш кога е на терен го дава својот максимум.

Секоја чест за Исник.

Само на крај да завршиме со едно големо БРАВО.

И ние како медиум да го пофалиме и да му се заблагодариме за тоа како одигра вчера, но и во Рига во дресот на репрезентацијата на Македонија.

Претходно„Штафетата на губитник“ е предадена на африканска селекција
СледноНигеријците повеќе од 12 часа заглавени на аеродром – го бојкотираат мечот со Либерија