Противникот на Струмица во 1. коло од ЦЕВ Купот, унгарски Фино капошвар, најверојатно и на реванш натпреварот в среда во Капошвар ќе остане без кинеското засилување, Баоки Јанг. Според информациите од Унгарија, Јанг пристигнал во Унгарија дури на крајот на минатата недела и досега има одржано само неколку тренинзи со првиот тим.
20-годишниот коректор кој е доведен како големо засилување за Унгарците, според медиумите, нема да биде подготвен да истрча на паркетот во „Капошвар Арена“ во среда, кога Струмица ќе ги брани оние 3:0 од првиот меч пред една недела и ќе бара потврда на пласманот во 1/16-финалето.