Македонските пингпонгари утре почнуваат со настап на ЕП во Австрија

59

Од утре до 20 октомври во Линц, Австрија ќе се одржи сениорското Европско Првенство во пинг-понг во индивидуална категорија и категорија на двојки.

Македонија на шампионатот ќе ја претставуваат неколкугодишните државни прваци Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка и Амелија Уце Николов од ППК Шампион Фа.

Тие ќе се натпреваруваат во поединечна категорија, категорија на двојки и категорија на мешани двојки. Како селектор и тренер на репрезентацијата е Сашко Богатинов.

Утре во 9 часот во квалификациите во мешани двојки, Станојковски и Николов ќе се сретнат со молдавско-литванската комбинација Путунтика/Рилиските. Во сингл, Станојковски почнува против Данецот Андерсен, додека Амелија Николов на стартот ќе се сретне со Софија Кле од Германија.

ПретходноБарса потврди: Повредата на Јамал не е сериозна
СледноОбјавени номинациите за најдобри атлетичари во 2024 година