Нигеријците повеќе од 12 часа заглавени на аеродром – го бојкотираат мечот со Либерија

100

Фудбалската репрезентација на Нигерија наиде на незгодно изненадување пред мечот од квалификациите за Африканскиот куп на нациите против Либерија во гости во вторник. Нигеријците допатуваа во Либија, а потоа останаа заробени повеќе од 12 часа.

Виктор Бонифасе, Алекс Ивоби, Таиво Авонији, Вилфред Ндиди, Адемола Лукман, капитенот Вилијам Трост-Еконг и другите ѕвезди останаа да лежат на подот и на клупите на аеродромот без пристап до храна и пијалок. А претходно нивниот лет бил пренасочен. Ова го сподели капитенот на тимот и сподели дека го бојкотираат натпреварот.

„Ние одлучивме да не го играме овој меч“, се зборовите на Еконг.

Медиумите го поврзуваат овој случај со претходен и го нарекуваат одмазда. Претходно на ист начин биле третирани либериски фудбалери во Нигерија, па сега Либија им подготвил идентичен пречек на нигериските играчи.

 

ПретходноИсник Алими: Момчето од Делогожди за кого Аталанта плати 1,2 милиони евра!
СледноДавид Алаба може да стави крај на кариерата?