Потврда за добрите игри: Исник Алими – играч на мечот во Ереван!

539

Македонската фудбалска репрезентација на најубав можен начин го заврши октомврискиот циклус во во групата 4 во Ц Лигата на нации. Запиша две гостински победи против Летонија и Естонија, и се најде на милиметри до пласман во Б Лигата на Нации.

Синоќа нашите момци славеа на гости кај Ерменија со 0-2, а уште еднаш во дресот на Македонија блесна Исник Алими, кој во 85-та минута се запиша во листата на стрелци и практично ги постави конечните 0-2. Фудбалерот на романски Сепси беше асистент на првиот гол на Бојан Миовски.

Исник уште еднаш потврди дека местото му е во националниот тим, а за неговите добри игри стигна потврда и од УЕФА која му даде највисока оценка за синоќешната средба. Со 8.8 тој практично е прогласен за најдобар играч на мечот, веднаш зад него е нашиот неверојатен голман, Столе Димитриевски, кој доби осмица.

 

По четвртото коло Македонија има десет бода (три победи и реми) или шест повеќе од Ерменија и Летонија, Ф.Острови има три бода.

ПретходноБомба од Шпанија: Модриќ сепак на излезна врата, Реал тајно подготвува замена од 150 милиони евра?
СледноКарсли призна: Англија заслужува тренер од светска класа