Готово е. Германец ќе ја предводи селекцијата на Англија и тоа ќе биде третиот странец во историјата на оваа репрезентација. Како што вечерва изввестуваат медиумите од Островот, а се огласи и Фабрицио Романи, Томас Тухел и ФА си подалеи рака. Тоа значи дека во наредниот период Тухел ќе ја предводи една од најквалитетните репрезентации во светот која на последните две ЕП заврши на првото место.
Не треба да се трошат зборови за Тухел, некогашен стратег на Дортмунд, со Челзи беше и првак во Лигата на Шампионите, ги предводеше и ПСЖ и Баерн Минхен а сега по Свен Горан Ериксон и Фабиои Капело ќе биде третиот странец кој ќе биде селектор на Англија.
Се очекува само официјална промоција.