Поранешен фински хокеар е пронајден мртов, неговиот дечко му пресудил со сачмарка

124

Поранешниот фински хокеар Јане Пухака е пронајден мртов во неговиот дом. Тамошните медиуми пишуваат дека случајот се третира како убиство. Веднаш е уапсен неговиот партнер Ролф Нордмо (65) со кого живеел. Нордмо е осомничен дека го убил Пухака со сачмарка, за која имал дозвола.

„Дејли мејл“ пишува дека случаен минувач повикал полиција откако се посомневал за насилен криминал во станот на финската двојка.

„Има причина да се верува дека дејствијата на осомничениот биле намерни и сурови“ и дека „осомничениот и жртвата се познавале“, велат од полицијата. 

Пухака беше првиот фински хокеар кој отворено зборуваше за својата хомосексуалност.

Тој почнал да игра хокеј на шестгодишна возраст. Играше за домашни, француски и канадски клубови и ја освои бронзата на Светското првенство со репрезентацијата на Финска до 18 години. Својата кариера ја завршил во 2018 година, кога имал 23 години.

ПретходноТешка „мисија“ за Вардар против Парондо, Кристопанс и Мораеш
СледноУ-19: Ни треба победа над Луксембург за пласман во елитната фаза во квалификациите!