Советите на Роналдо му помогнале на Швеѓанецот со македонско потекло

251

Крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски се претстави доста силно од почетокот на сезоната. 24-годишниот играч е клучен играч, иако има само 1 гол и 2 асистенции, тој има прилично силни перформанси за Спарс.

Швеѓанецот со македонски корени откри дека една од причините за неговиот раст во последните години се советите кои ги добивал од Кристијано Роналдо за време на нивниот престој заедно во Јувентус.

„Ми рече дека не можам да се задоволам со тоа што сум добар, морам да бидам најдобар секој ден. Тоа е единственото нешто што е важно, колку и да е тешко, треба да се трудиш да бидеш над сите. Не разбирав кога Роналдо ми рече: „Мораш да го запознаеш твоето тело. Сигурно не го знаев толку добро, но сега почнувам да сфаќам кои се моите силни и слаби страни и на што треба да работам. Па сега знам како.” Тренирам ден пред мечот, два дена пред тоа, гледам што да правам кога сум уморен. Сите овие мали детали ја прават разликата”, изјави Кулушевски за “Фотбол Сканален”.

ПретходноЕвролига ги изрече казните за тепачите!
СледноПотег за почит: ПАО ќе го исплати целиот договор на семејството на трагично загинатиот фудбалер