Тиквеш ќе ја пречека Шкендија во Штип!

431

И дефинитивно, натпреварот од 10.коло во ПМФЛ меѓу Тиквеш и Шкендија се игра во Штип. Со овој меч завршува суспензијата на теренот во Кавадарци па така следниот меч четата на стратегот Ѓорѓи Мојсов ќе игра дома.

Да потсетиме дека поради инцидентот на мечот со Вардар, кавадарчани беа казнети со два меча забрана на играње на свој терен. Првиот меч од казната го одработија во Струмица со Силекс кога беше 0:0, во недела на 20.10.2024 на Шкендија ќе и бидат домаќини во Штип.

Овој натпревар се игра од 14 часот, како и сите останати во недела и тоа Струга ТЛ – Силекс, Работнички – Гостивар, Беса – Вардар,Брера – Воска и Пелистер – Шкупи.

ПретходноМанчестер Јунајтед му го раскина договорот на Сер Алекс Фергусон
СледноЛН: Хрватите преку Варшава за пробив од групата и статус носител во ждрепката