Иако не е прв голман во својот клуб, Столе Димитриевски на последните три меча во репрезентацијата на Македонија, а посебно завчера во Ереван и тоа како покажа дека е класа голман и дека Валенсија прави голема грешка што не му дава шанса на Македонецот да биде прв голман на тимот.
Па така попладнево неговиот клуб Валенсија, се пофали на своите социјални мрежи со својот голман нарекувајќи го Столе – Ѕидот на Македонија.
Сепак дека ова е убаво да се види, ама поважно е Столе да добие шанса и во тимот од “Местаља“ да ги искаже своите потенцијали, кои се несомнени.