Лазаров не може да заборави: Плачев после Данска! Навистина беше болно (ВИДЕО)

242

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров беше гостин на ТВ емисијата „neuspjehprvaka“ и на хрватската ракометна легенда Мирза Џомба. Актуелниот македонски селектор и тренер на Алкалоид зборуваше за целата своја кариера, за болните порази и тешките моменти.

Џомба го праша за мечот против Данска на ЕП 2012 година, Македонија беше на чекор до победа, но на крајот беше поразена со 33-32. Лазаров го имаше последниот обид за победа, но неговиот удар не заврши во мрежата на противникот. На другата страна Данците реализираа за триумф на оваа средба. Нашата репрезентација на ова ЕП го оствари наголемиот успех во својата историја освојувајќи го 5-место.

Лазаров откри дека после овој меч плачел. Како и во текот на неговата цела кариера, така и на оваа средба товарот и одговорноста беше негова. Неговите 13 голови брзо беа заборавени бидејќи не го запиша 14-от против Данска.

Нашата ракометна икона коментираше и за Лино Червар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by (Ne)uspjeh prvaka (@neuspjehprvaka)

ПретходноУ-21: Македонија во Кутаиси по добар резултат за крај на квалификациите!
СледноЈунајтед пикираше тројца играчи на Баерн, двајца ќе дојдат веќе во јануари!