Поранешниот шкотски менаџер Сер Алекс Фергусон ќе мора да се откаже од позицијата глобален амбасадор на Манчестер Јунајтед. Од „Олд Трафорд“ ги кратат трошоците, а на ред дојде и легендата на клубот кој му донесе огромен број на титули и го направи клубот популарен во светот, пишува „The Athletic“.
Фергусон добива по 2,5 милиони евра годишно за улогата на глобален амбасадор, а од клубот решија да го откачат легендарниот стратег. Ферги ќе остане како неизвршен директор за фудбал. Сумата што ќе ја заработи ќе биде значително помала, пишува англискиот печат.
Фергусон ги водеше „црвените ѓаволи“ од клупата од 1986 до 2013 година, со кој освои 13 титули во Премиер лигата, пет ФА Купа и два трофеи во Лигата на шампионите.