ОФИЦИЈАЛНО: Екс-играч на Реал е новиот тренер на Бока Јуниорс

127

Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс го назначи Фернандо Гаго за нов тренер на местото на Диего Мартинез кој даде отказ минатиот месец по три последователни порази во аргентинскиот шампионат.
Гаго е поранешен фудбалер на Реал Мадрид, а доаѓа од редовите на мексиканскиот клуб Гвадалахара каде што работеше до сега. Тој ги водеше уште Алдосиви и Расинг клуб од Аргентина.
Ова е трет пат Гаго да биде во Бока. Ја почна кариерата во овој клуб за кој играше од младинските категории и во А тимот. За А тимот играше од 2004 до 2006 година, а потоа уште еднаш, од 2013 до 2019 година. Сега се враќа како тренер.

ПретходноВаленсија за Столе: Ѕидот на Македонија! (ФОТО)
СледноЧеферин го повикал Сејдини на итен состанок!