Стајиќ: Борба на терен 40 минути, сакаме победа во Подгорица

57

По триумфот над МЗТ Скопје во Првата лига, екипата на Пелистер се врти кон настапите во АБА2-лига, а таму денеска се гости на Подгорица (18 часот). На стартот на ова натпреварување битолчани остварија победа над Широки потврдувајќи дека оваа сезона навистина ќе биде поинаква од останатите.

Голем проблем за тренерот Александар Петровиќ е повредата на центарот Андреја Бојиќ, која ја заработи против МЗТ Скопје. Предводникот на Пелистер вели дека одат да се надигруваат и добро да ја презентираат македонската кошарка.

Бобан Стајиќ по една година пауза повторно го носи дресот на Пелистер, давајќи знaчаен придонес во добриот старт на сезоната.

„Пред се би сакал да изразам големо задоволство што се враќам во клубот во кој минав три прекрасни години, во средина што ми е многу добро позната и во која сум одлично прифатена.Имавме одличен подготвителен период во кој одигравме квалитетни натпревари. Иако губевме на дел од тие средби, очигледно беше дека формата се движи во нагорна линија, што дава резултат на овој старт од сезоната. Го загубивме првиот меч со МЗТ во Сипер-купот, но веруваме во себе, знаеме дека можеме да играме против таа екипа и го докажавме тоа на натпреварот од второто коло. Си докажавме на себе, но и на нашите верни навивачи дека можеме да го победиме секој ривал, дека оваа нова екипа на Пелистер ќе цели високо“, изјави Стајиќ.
Тој смета дека „пелистерци“ ги очекува тежок натпревар во Подгорица, против ривал што токму на денешниот меч ќе се обиде да се врати во победнички ритам. Црногорскиот тим во првото коло загуби од Џокер, во меѓувреме го смени тренерот, па сега ќе се обиде со триумф над Пелистер да сврти нов лист.

„АБА-лигата е натпреварување во кое сакаме да се претставиме во што подобро светло. Во првото коло славевме над Широки, а сега ни следи и првото гостување против Подгорица, тим што не ја започна сезоната онака како што посакуваше, но дефинитивно поседува квалитет за подобри резултати од досегашните. Наше е да го искористиме моментот на добра игра, да дадеме се од себе на теренот во текот на сите 40 минути и секако да се обидеме да стигнеме до победата“, порачува Бобан Стајиќ.

ПретходноУ-19: Ни треба победа над Луксембург за пласман во елитната фаза во квалификациите!
СледноГол на Ристовска во ТОП 5 голови во ЛШ