Потег за почит: ПАО ќе го исплати целиот договор на семејството на трагично загинатиот фудбалер

102

По трагичната смрт на фудбалерот на Панатинаикос и грчки репрезентативец Џорџ Балдок, доаѓа вест која сигурно ќе ја воодушеви фудбалската јавност ширум светот.

Грчките медиуми објавија дека ПАО на семејството на трагично загинатиот фудбалер ќе му ја исплати целата плата за тригодишниот договор кој важеше во моментот на неговата смрт.

Балдок ја остави својата вереница со едногодишниот син, а клубот планира и натпревар со посебна посвета за него, од кој целиот приход би отишол на неговото семејство.

Да потсетиме, Балдок беше пронајден мртов во базенот во станбената заедница каде што живеел и не давал знаци на живот ниту откако лекарите пристигнале на лице место.

Грчката репрезентација нему му ја посвети големата победа над Англија, додека од него се простија фудбалерите ширум светот и му дадоа поддршка на семејството на починатиот Џорџ Балдок.

ПретходноСоветите на Роналдо му помогнале на Швеѓанецот со македонско потекло
СледноМбапе во Шведска веќе е под истрага за силување!