Снајперисти на мечот Италија – Израел!

2076

Вчера во Удине, во меч од А Лигата на Нации меѓу Италија и Израел, кој го добија убедливо домашните со 4:1, обезбедувањето беше на највисоко можно ниво. Се разбира дека ова беше поради гостувањето на Израелците, посебно ако се знае дека нивната земја во моментов е во војна со Хамас и Хезболах. Во еден момент во ТВ преносот на РАИ, убаво се виде дека на покривот од стадинот во Удине имаше и снајперисти, најмалку двајца.

Ова наиде на остри коментари во тамошната јавност, која не крие дека го смета Израел за виновник поради последните тензии на Блискиот Исток.

Најважно е што натпреварот се одигра без ниту еден инцидент, ако се знае дека секогаш и секаде каде што гостува Израел обезбедувањето е на највисоко ниво.

ПретходноСкандалозно: Бенфика обвинета за местење натпревари!
Следно„Црни минути“ во Подгорица за прв пораз на Пелистер во АБА2-лига