Таа атмосфера може да се види само на мечевите кога Партизан е домаќин. Она што “гробарите“ го прават кога игра КК Партизан може само да се раскажува и прикажува. Величенствено.
Момците на Жељко Обрадовиќ во третиот настап во Евролигата успеаја да дојдат до првиот триумф. Перфектен почеток, но повторно старата болка во последната четвртина кога Германците опасно се заканија, но сепак Партизан победи со 86:78.
Ти-Џеј Шортс и Париз го урнаа европскиот првак Панатинакос на свој терен со 84:80. Македонскиот репрезентативец блескаше. Заврши со 16 поени, три скока и 7 асистенции. Беше еден од најдобрите во својот состав. Ова беше историја за Париз, ова е прва победа на овој тим во Евролигата во клупската историја.
Басконија го победи Реал Мадрид со 76:72, Макаби беше подобар од Ефе со 93:91, а Жалгирис како гостин славеше кај Виртус со 68:71.