Талески стопроцентен за Бенфика, Валур и Порто одиграа по мерка за Вардар!

269
📸 FAP
📸 FAP.

Вечерва, покрај поразот на Вардар од Мелсунген, се одиграа повеќе натпревари од 2.коло од Лигата на Европа. Филип Талески и Бенфика славеа победа од 37:31 против Лимож. Треба да се каже дека Македонецот имаше забележителен настап, постигна четири гола од исто толку удари.

Изненадување на Исланд по мерка за Вардар. Имено во меч од групата каде се наоѓаат “црвено – цтрните“, Валур и Порто одиграа 27:27 и тоа по голема драма.

Ова реми и тоа како му одговара на Вардар кој по 2.коло се наоѓа на второто место на табелата.

ПретходноСпектакл во Белград, Партизан го победи Баерн, Шортс блескаше во триумфот на Париз над европскиот првак!
СледноМилан преговара за аргентински талент, но клаузулата му е 45 милиони долари