У-19: Ни треба победа над Луксембург за пласман во елитната фаза во квалификациите!

98

Нашата млада репрезентација до 19 години, денеска од 18 часот го игра својот последен и решавачки меч во групата-12 од првата фаза во квалификациите за ЕП. Играме со Луксембург, играме против домаќинот и во случај на победа тогаш ќе завршиме како втори и ќе се пласираме во следната фаза, односно ќе се најдеме во елитната фаза во квалификациите. Се разбира дека само треба моментално првопласираната во групата, селекцијата на Словачка да не си дозволи таков луксуз да загуби од Летонија, која исто така има еден бод освоен против нас во првото коло кога беше 1:1.

Македнија треба да ја заврши својата работа, да извојува победа, а постојат шанси и како третопласирани да одиме во следната фаза.

Сепак играме против домашната селекција, која исто така си има свои амбиции ако се знае дека во пресрет на денешните мечеви од 3.коло, воедно последни во групата, е втора со 3 бода, додека Летонија и Македонија имаат по еден.

ГРУПА- 12

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 18 Ч

Луксембург – Македонија

Словачка – Летонија

ТАБЕЛА

1.Словачка 6

2.Луксембург 3

3.Летонија 1

4.Македонија 1

ПретходноПоранешен фински хокеар е пронајден мртов, неговиот дечко му пресудил со сачмарка
СледноСтајиќ: Борба на терен 40 минути, сакаме победа во Подгорица