Нашата У-21 репрезентација вечерва во 18 часот во Кутаиси против Грузија ги завршува квалификациите за ЕП 2025. Ова за нас ќе биде само еден обичен меч, да не кажеме ревијален зошто што и да се случи, било кој резултат, ние ќе завршиме на тоа 4.место на табелата во Ц групата. Овој меч е многу поважен за Грузијците, кои со победа ќе завршат втори во групата со шанса за пласман на ЕП. Се очекува полн стадион, околу 10.000 домашни фанови кои ќе навиваат за победа на Грузија.
Избраниците на селекторот Драган Канатларовски на оваа последна средба во групата ќе играат за својата чест, за боите на Македонија, без разлика што на резултатски план ништо не може да се промени во однос на крајната табела.
Вчера нашите момци тренираа на стадинот во Кутаиси, јасно е дека ќе настапиме без Илиевски и Стојчевски кои во беа во А – репрезентацијата, без Максимов кој е повреден, го нема Станковски а Фетаи има картони. Добра вест е враќањето во составот на Николов.
ТАБЕЛА
1.Холандија 30 (10)
2.Шведска 17 (10)
3.Грузија 16 (9)
4.Македонија 12 (9)
5.Молдавија 7 (10)
6.Гибралтар 3 (10)