„Црни минути“ во Подгорица за прв пораз на Пелистер во АБА2-лига

95
Фото: АБА2-лига

Пелистер го запиша првиот пораз во АБА2-лигата, откако на гостувањето кај Подгорица беше совладан со 9-79. Падот во играта на битолчани и во напад и во одбрана последната четвртина беше пресуден за крајниот исход на оваа средба. Избраниците на Александар Петровиќ до пред 30-та минута се чинеше дека го имаат мечот, но влегоа во црна низа која ги чинеше висок пораз.

Едвардс беше стрелец на 24 поени, зад него беше Мишковиќ со 12 поени и 9 скока, додека двоцифрен беше и Антоан со десет поени.

Битолчани не го почнаа мечот најдобро, домаќинот отвори со 17-9, но македонскиот тим со серија од 8-2 израмни на 19-19, а веќе по првата четвртина имаше минимални 21-22. Не застанаа тука момците на Александар Петровиќ, веќе во следниот период целосно го свртеа мечот во своја корист, дојдоа до водство од 23-32 и 34-43. На одморот Подгорица успеа да намали на 41-43.

Дел од третата четвртина беше резултатска нишалка, но по 55-57, битолчани се снајдоа добро и дојдоа на плус осум 61-69. Но, паднаа во последната четвртина, му дозволија на црногорскиот тим да поведе после долго време, во 39-та минута беше 89-76. Подгорица до овој момент постигна 26 поени, а прими само седум. Немаше време за Пелистер, на крајот мораше да се помири со поразот.

ПретходноСнајперисти на мечот Италија – Израел!
СледноУ-21: Пораз од Грузија, само Алчевски и среќата ја спасија Македонија од катастрофа!