Членови на УО на ФФМ се во шок! УЕФА влегува во лавиринтите на ДУИ!

11902

Допис пратен од Нион во име на УЕФА, а преку официјалните тела за информирање на ФФМ. Се бара состанок со Владата на Македонија за последните случувања во ФФМ, а во фокус е и нападот врз претседателот Муамед Сејдини од пред неколку дена.

Како што е познато првиот човек на федерацијата пријави напад без истиот да биде докажан и потврден од надлежните органи во земјава, а притоа без видливи повреди и несакани последици. Недокажан напад, пред ресторант во вечерни часови и без аргументи дека станува збор за поврзаност со функцијата претседател на ФФМ кој бил во друштво со членови и функционери на други институции во земјава.

Ваквиот обид за жртва без институционална потврда е само доказ за стравот кој владее кај првиот човек на ФФМ од можноста да се докаже и да излезе на виделина поголем дел од незаконското фунционирање на ФФМ и злоупотреби на сметката на федерацијата за лични интереси и бизниси!

Самоволие! Муамед Сејдини заминал во Нион директно од Ереван и притоа цело ова време за монтираните „проблеми“ ниту се консултирал со членовите на УО на ФФМ, а ниту свикал седница на УО на ФФМ на која врвот на федерацијата би се произнесол со заеднички став! Можеби сватил дека ја нема поддршката по кавгата со поедини членови во хотелот во Рига. Она што е шокантно и мизерно е тоа што на сериозен состанок со првиот човек на ФФМ патува без потпретседателот Лазар Ракиџиев, го нема ниту правниот експерт Владимир Гашевски, а ја нема ниту генералната секретарка Наталија Илиевска Божиновска. Заминал со заменикот портпалрол на федерацијата и портпарол на ФК Шкендија, Фатон Зулбеари!

За ваков крупен и голем проблем во најава, а без официјални лица од врвот на федерацијата е помалку шверцерски потег.

СпортСпорт“ по објавата имаше разговор со членови на УО на ФФМ кои се шокирани и зачудени од потегот на Сејдини, а воедно и неинформирани за неговата посета на УЕФА. УО на ФФМ е тело кое реба да носи одлуки и став околу сите крупни одлуки на федерацијата, а ваквите потези на претседателот се само потврда на она што го најави и спортскиот директор во оставката Дени Масев.

Тој пред неколку дена се повлече и обвини дека самоволието на Сејдини е неподносливо. Но, збоорт политика се содржи во објавата на ФФМ и немешање на истата во структурите и работата на федерацијата.

Каде е политиката!? Мешањето…!? Па зар секогаш кога е густо и кога е во проблеми Сејдини ќе се вади на политика. Па тој е првиот претседател на ФФМ кој за време на кампања беше фотографиран на митинзи на ДУИ, а на ден пред избори обвинет за поткуп на гласачи, и фотографоран со носител на листа на споменатата партија.

Што да се очекува од осудувана личност за нелегална трговија со акцизна роба!? Дали Муамед Сејдини е извршител и користи недокажан напад за агенда на неговата партија за сценарија во земјава кои му одат на штета на спортот, а посебно на фудбалот!?

Одлична е идејата на УЕФА за средба со претставници на Владата за итен состанок. Во вистинско време и во вистински термин, е сето ова за да и УЕФА се соочи со фактите околу тоа каде се трошат нејзините средства и како и до каде се проектите низ земјава за развојот на фудбалот. Ако нешто е дно тоа е ваквиот начин за спас, за малверзации иако се знае дека за неколку месеци истекува мандатот на Муамед Сејдиини како прв човек на ФФМ.

Смешните игри и лавиринти во кои ги внесуваат и службите на УЕФА се само потврда околу тоа колку е слатка функцијата и престолот на федерацијата. А дно е и тоа што успесите и неуспесите на националните селекции се користат за пропаганди.

Едно се репрезентациите а друго злоупотребите!

Сејдини на поединци со месеци им се фали дека ќе кодоши во УЕФА и дека се ќе стори да има закани за суспензии. Таквите сценариа се видени во минатото и истите не поминуваат откако вистината ќе излезе на виделина.

Не постои никој од надвор кој може да се спротистави на држава и институции околу гонење на криминалот!

ПретходноШок за Чаби Алонсо: Флоријан Вирц е повреден, го чека пауза!
СледноСкандал во Полска: Новинар му праќал пораки со непристојна содржина на селекторот!