Евролига ги изрече казните за тепачите!

803

Кошаркарот на Фенербахче, Тарик Биберовиќ и на Ефес Елајџа Брајант се суспендирани на по еден натпревар во Евролигата, соопштија од натпреварувањето.

Биберовиќ и Брајант добија суспензија поради физичка пресметка на натпреварот меѓу Ефес и Фенербахче во второто коло од Евролигата.

Брајант покрај тепачката се обиде да го гризне противничкиот кошаркар, па ќе мора да плати и парична казна од 10.000 девра. Додека пак Биберовиќ ќе плати 5 илијади евра. И двајцата кошаркари имаат право на жалба.

Покрај ова, казна од 4 илјади евра заработи и Сертач Комсуглу, еден од претставниците на Фенербахче, а причина се погрдните зборови кон судиите.

ПретходноМартинез: Годините на Роналдо не се важни, нема никој друг како него
СледноСоветите на Роналдо му помогнале на Швеѓанецот со македонско потекло