Порази на стартот за Ѓорческа и Стоилковска на фјучрс турнирите

58

Македонските тенисерки претрпеа порази на стартот на двата фјучрс турнири на кои настапија. Во турскиот град Кајсери, Ѓорческа го загуби мечот од Русинката Екатерина Маклакова со 2-1 во сетови (36 76(4) 63), додека Магдалена Стоилковска на Бол во Хрватска загуби од Чинда Шефцликова од Чешка со 2-0 во сетови (61 75).

Ѓорческа на турнирот W50 Кајзери (награден фонд 40.000 долари) имаше добар почеток и поведе со 1-0 во сетови откако првиот сет и припадна со 6:3 во гемови, а имаше предност во сетот од 3:1 и 5:3 што се покажа решавачко. Во вториот сет Маклакова поведе со 2:0 во гемови, но македонската тенисерка успеа да направи пресврт и да стигне до водство од 3:2 и постојано имаше предност од еден гем, па така сетот се решаваше во тај брејк. „13-тиот гем“ и припадна на руската тенисерка со 7:4 на поени со што изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет ривалката на Ѓорческа дојде до предност од 4:1 во гемови, а потоа и до 6:3 и по два часа го доби мечот.

Стоилковска откако го загуби првиот сет со 6:1 во гемови, во вториот прикажа подобра игра и резултатски сетот беше неизвесен. Противничката повторно имаше водство од 5:1 во гемови, а македонската тенисерка успеа да направи серија од четири гема за 5:5 и притоа спаси две меч топки, а во 11-тиот гем имаше можност и за водство од 6:5, но ривалката успеа да направи брејк.

Стоилковска денеска одигра уште еден меч во конкуренција на двојки во првото коло заедно со хрватската тенисерка Ноа Крзнариќ загубија со 2-0 во сетови (63 63) од Нока Јурич (Словенија) и Фани Норин (Шведска).

ПретходноГвардиола одговори на прашањето дали ќе биде селектор на Англија
СледноКалафиори ја посочи слабоста на Италија во моментов