По поразот од Португалија на свој терен е во пресрет на средбата со Хрватска во меч од Лигата на Нации, се случува голем скандал во полскиот фудбал, поточно во репрезентацијата.
Имено поради лошите резултати на А селекцијата на Полска во последно време, јавноста е гневна а дел од новинарите имаат и тоа што да кажат во врска со работата на селекторот Михал Пробиерз.
Сепак се чини дека новинарот на Еуроспорт за Полска, Пјотр Квитаитковски како малку да претера. Тој во неколку наврати му испраќал пораки со непристојна содржина на селекторот:
„Ти си апсолутно неспособен за оваа работа, ти си неспособен тренер! Твојот мозок не може да го пренесе тоа што го имаш во главата. Твоите прес – конференции се вистинска трагедија“ тоа се само дел од пораките.
Сепак откако сфатил Кваитковски што направил, тој јавно се извини:
“Ме понесоа емоциите после поразите на нашата репрезентација. Јас му се извинувам на селекторот и му посакувам успех на мечот со Хрватска“ беа зборовите на новинарот.