Обвинителството на Португалија покрена обвиненение против Бенфика и тоа поради местење натпревари и други корупциски дела во периодот од 2016 до 2019. Во случај да се докаже дека гигантот од Лисабон, некогашен европски првак секако дека ќе добие големи и остри казни.
Тужбите се против некогашните челници на клубот, пред се против Луис Фелипе Виеира, но и против тогашните негови соработници.
Од клубот во текот на денот се реакција истакнаа дека Бенфика ќе се брани од сите неосновани обвиненија.
Секако дека ова се сериозни обвиненија и се знае дека ако се докажат тогаш Бенфика и тоа како ќе си има проблеми.