Тешка „мисија“ за Вардар против Парондо, Кристопанс и Мораеш

192

Вардар 1961 денеска (18:45 часот) му гостува на Мелсуген во рамките на второто коло во Европската лига. Македонскиот тим сезоната ја отвори со победа, на домашен терен славеше против Валург со 33-26.

Но, „црвено-црните“ сега ги чека поинаков предизвик, бундес-лигашот кој е предводен од Роберто Гарсија Парондо располага со далеку поголема артилерија. Во составот се летонскиот џин, Данис Кристопанс и Бразилецот, Рожерио Мораеш, поранешни членови на Вардар од златната европска генерација.

„Вардарци“ на ова гостување ќе бидат без сулугите на македонскиот репрезентативец, Томи Јагуриновски кој поради повреда отпадна од комбинација и за овој меч, а претходно поради посериозна повреда, Недановски не сметаше на Хориха.

ПретходноЈунајтед пикираше тројца играчи на Баерн, двајца ќе дојдат веќе во јануари!
СледноПоранешен фински хокеар е пронајден мртов, неговиот дечко му пресудил со сачмарка