Нашата млада репрезентација до 19 години вечерва во Луксембург, во меч од прелиминарните квалификации за ЕП во групата 12, одигра само 1:1 против домашната селекција. На крајот се покажа дека и ако победивме сепак немаше на крајот да бидеме втори во групата пласман кој ќе не однесеше во елитните квалификации. Причина за тоа е што Летонија на другиот меч од групата успеа со 2:0 да слави над Словачка, селекција која беше крајно немотивирана ако се знае дека Словаците уште по првите две кола си го обезбедија првото место во групата.
Па така со ова реми против Луксембург ние завршивме како последни во групата. А на Летонија тоа и беше доволно само за третото место.
Инаку во еден момент се беше идеално за нас, посебно по голот на Данев кога поведовме со 1:0 против Луксембург, а на другиот меч беше 0:0. Но радоста траеше кусо, прво Летонија си даде два гола за да Луксембург успеа да израмни против нас и со тоа заврши целата приказна во Луксембург.
КОНЕЧНА ТАБЕЛА
1.Словачка 6
2.Луксембург 4
3.Летонија 4
4.Македонија 2