Катарци ќе го откупат Заубер од Ауди?

71

Ауди е подготвен да го продаде Формула 1 тимот Заубер и тоа на катарски инвеститори кои бараат влез во Формула 1 шампионатот. Новинарот Џо Савард тврди дека Ауди со задоволство би се ослободил од Заубер од сезоната 2026 година.

„Одамна е јасно дека проектот Ауди Ф1 не е популарен кај сите во групацијата Фолксваген, а ситуацијата се влоши откако и двете компании се соочија со тешкотии поради падот на продажбата во Кина. Често се заборава дека катарската влада поседува 17 отсто од акциите со право на глас во Фолксваген. Таа е трет акционер во овој поглед. Едно решение би било да се продаде Ф1 тимот на Катарците, но да се задржи брендот на Ауди. Ауди сака да ја врати инвестицијата во Ф1 колку што е можно повеќе“, тврди Савард.

ПретходноТом Брејди стана „газда“ на НФЛ тимот Лас Вегас
СледноМеси: И покрај моите години, се чувствувам како дете во репрезентацијата