Во рамките на десеттото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во јужноамериканскиот регион, репрезентацијата на Аргентина на домашен терен ја совлада Боливија. По натпреварот, напаѓачот на светскиот шампион, Лионел Меси, проговори за впечатоците од престојот во репрезентативниот табор.
„Среќен сум таму каде што сум во моментов. Тоа е она што ме мотивира да продолжам да играм за Аргентина.
И покрај моите години, кога сум во таборот на репрезентацијата, се чувствувам како дете бидејќи се чувствувам удобно во овој тим. Се додека се чувствувам добро и можам да продолжам да играм како што сакам, ќе продолжам да уживам во оваа можност“, изјави аргентинскиот репрезентативец.
Меси за аргентинската репрезентација одигра 189 натпревари, постигна 112 гола и даде 60 асистенции.
Дома Меѓународен фудбал ЕП/СП Меси: И покрај моите години, се чувствувам како дете во репрезентацијата