Ули Хенес за Томас Тухел: „Катастрофа“

347

На денот кога Томас Тухел е назначен за нов селектор на Англија, во германските медиуми излезе вест за критика кон германскиот тренер од страна почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес. Пред една седмица на состанокот на раководството на клубот од Минхен, тој ја нарекол работата на Тухел „катастрофа“, пишува „Bild“.

На средбата Хенес упатил пофални зборови за актуелниот тренер на Баерн, Винсент Компани. Тој призна дека е импресиониран од зборовите на Белгиецот дека во Баерн повторно има многу работа.

Тухел го наследи Јулијан Нагелсман во март 2023 година и ја освои титулата во Бундес лигата во сезоната 2022/23. Следната сезона клубот остана без ниту еден трофеј, па Тухел доби отказ една година пред истекот на договорот.

И претходно Хенес се жалеше на Тухел и неговата работа. Тој посочи дека Тухел не е подготвен да промовира млади играчи.
Тухел има поинаков пристап. Ако работите не одат како што треба, тогаш треба да се купуваат играчи“.

ПретходноАнчелоти, брутално кон свој фудбалер: Жал ми е, но ти не си квалитет за Реал
СледноВаран: Системот е изграден за играчот да не види дека го залажуваат