Ракометарите на Е. Пелистер патуваат за Полска, каде утревечер ги очекува нов настап во групната фаза од Лигата на шампионите. Пред заминување, тренерот на битолчани, Бранко Ангеловски ги изнесе своите очекувања од мечот.
„Висла е една одлично селектирана екипа од еден шпански стручњак. Играат шпански систем, имаат безброј странски играчи, квалитетни. Тоа е екипа која пред неколку дена го победи Келце и е актуелен послки шампион. Овој меч доаѓа во еден период во кој ние имаме позитивна недела. Позитивна атмосфера имаме и тоа ме радува. Сигурно дека одиме да се натпреваруваме со нив, а не да гледаме да изгубиме што помалку. Се надевам на добра игра, имаме неколку повредени играчи кои за неколку дена до мечот треба да бидат здрави“, вели Ангеловски.
Мечот во Плоцк се игра утре од 20.45 часот.