Барселона со триумфот над Загреб сега има пет од пет, Алборг го победи Сегед!

11

Вечерва на програмата се три меча од 5.коло во ракометната Лига на Шампионите. Очекувано Барселона славеше во Загреб кај истоимениот клуб со 29:31. Ова беше петти триумф на каталонскиот гигант во исто толку мечеви, сосема доволно за суверено да го држи врвот на табелата во групата Б.

Дика Мем со 6 голови беше најефикасен кај гостите, додека Главаш одигра феноменален меч со 9 постигнати гола кај Хрватите, но и тоа не беше доволно за избегнување на поразот иако во второто полувреме Загреб одигра навистина добро.

Алборг со 30:29 успеа да слави над Сегед и тоа во драматичен финиш, сепак на крајот домашните знаеја како да го завршат мечот во своја корист и дојдоа до значајна победа.

ПретходноСтрумица прокоцка историска шанса: Пораз во Златен сет за елиминација од Европа
СледноСинер си поигруваше со Медведев и си закажа 1/2 финале со Ѓоковиќ!