Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорно компанија, континирирано ги едуцира играчите за опасностите кои ги предизвикува прекумерното играње игрина среќа. Нашата цел е зголемување на јавната свест за ризиците од прекумерното играње игри на среќа.
Со цел спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, Видеолотарија Касинос Австрија постојано нагласува и едуцира за важноста на одговорното играње. Играта е само забава и тоа мора да го сфати секој играч на игрите на среќа. Како општествено одговорна компанија, посветивме сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорно приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории.
Под слоганот „ИГРАЈ ОДГОВОРНО“, во 2019 година го формиравме СОС тимот, прв од ваков вид во нашата земја. Во истиот период активирана е СОС линијата со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни и искусни лица од областа на психологијата. Дополнително, отворивме стручни советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп, а во текот на годинава, планирани се и нови советувалишта во Гостивар, Радовиш и Битола.
Во текот на оваа година, одржани се и неколку едукативни работилници и тоа:
- Славјански универзитет во Свети Николе за студентите по психологија
- Филозофски факултет Св.Кирил Методиј на катедрата за психологија за студентите по психологија.
- Медицинскиот факултет во соработка со Катедрата по психијатрија за студентите на медицински факултет
Видеолотарија Касинос Австрија од Европската асоцијација на лотарии, поседува сертификатот за одговорно приредување на игри на среќа, како компанија која долгорочно е насочена кон одржливо создавање и кофинансирање на спортски, образовни, културни и други програми со цел општествено придонесување, како и едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа. Ние секогаш нагласуваме дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.