Во Ријад стартува спектаклот – „Слемот на шесте кралеви“

1142

Денеска во Ријад, Саудиска Арабија започнува „Слемот на шесте кралеви“, егзибициски тениски спектакл во кој ќе играат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и уште петмина најдобри светски тенисери. Шесте „кралеви“ во Ријад се Новак Ѓоковиќ, светскиот рекет број еден Јаник Синер, Карлос Алкараз, Данил Медведев, Холгер Руне и Рафаел Надал, кој неодамна објави дека се повлекува од светот на тенисот.

Ѓоковиќ е слободен во првата рунда а во вториот дуел го чека подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Данил Медведев.

Иако турнирот нема натпреварувачко значење и не носи бодови за АТП листата, Саудијците сакаа да ги привлечат најдобрите тенисери, а победникот ќе добие шест милиони долари. Турнирот започнува денеска, а ќе заврши со финалето во сабота.

На првиот ден од турнирот има два четвртфинални дуели во кои ќе се сретнат Јаник Синер и Данил Медведев, односно Карлос Алкараз и Холгер Руне.

ПретходноАнгеловски: Против Висла одиме да играме, а не да мислиме што помалку да загубиме
СледноТом Брејди стана „газда“ на НФЛ тимот Лас Вегас