“Трансфер пропуст на Лајпциг: 24 милиони евра – седум минути!“
Ова е насловот на дел од медиумите во Германија за трансферот на Елиф Елмас во зимскиот преоден рок па се до денеска, а минаа девет месеци.
Јасно е дека Германците сметаат дека Лајпциг направил голема грешка и дека Македонецот е платен со 24 милиони евра а во новата 2024/25 сезона има одиграно само седум минути, тие во Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид.
Исто така се наговестува дека тренерот Марко Розе веројатно нема преголема доверба во него и дека тешко ќе добива минутажа. Дијамантот официјално сака да остане, тоа е јасно, има голема плата и за германски услови а договорот му е до 2028 година.
Сепак во последно време доаѓаат информации од Италија дека неколку клубови се заинтересирани за него, меѓу кои и Наполи, од каде што замина во Лајпциг а “биковите“ не би имале проблем да го пуштат.
Значи сега се останува на самиот Елмас.