По оние три од три на стартот во Евролигата, а посебно по фантастичното издание во Истанбул, каде Ц. Звезда го победи славниот Фенерахче, во Белград владее вистинска еуфорија меѓу фановите на овој српски клуб. Па така за мечот во петок, каде на гости доаѓа Барселона, Ц. Звезда се пофали дека успеала сите билети за тој меч, кој започнува во 20 часот, да ги продаде во рекордно време, и тоа околу еден час.
Ова досега го правеше само Партизан, само “црно – белите“ знаеја без проблем и во рекордно време да ги продадат сите билети за „Штарк Арената“ во Белград, ама еве по последните успеси тоа го прави и Ц. Звезда.
Јасно е дека во петок Барса ја чека пекол во Белград. Нека му ја мисли каталонскиот гигант.