Карлито го “збриша“ Руне и си закажа “последен танц“ со Рафа!

108

Очекувно, во второто 1/4 финале во Ријад на егзибицискиот турнир “Шесте кралеви“, Карлос Алкараз со 2:0 (6:4 и 6:2) во сетови просто го “збриша“ Холгер Руне и си закажа полуфинале со Рафаел Надал. Ова за двајвата Шпанци ќе биде последен дуел ако се знае дека Рафа пред неколку дена објави дека оди во пензија.

Се разбира дека и двете полуфиналња, се играат утре после 18:30 часот, ќе бидат повеќе од спектакл.

Прво се среќаваат Синер и Новак, за да после тоа на теренот во Ријад ќе излезат Карлито и Рафа, со ова Алкараз ќе го има “последниот танц“ со својот сонародник.

ПретходноТухел за “Вембли“: Пеле беше сосема во право!
СледноЕуфорија во Белград: Ц. Звезда билетите за мечот со Барса ги продаде во рекордно време!