ЛШ: Нант славеше кај Магдебург!

22

Во последниот меч од 5.коло од Лигата на Шампионите вечерва, ракометарите на Нант со 28:32 славеа на гостувањето кај Магдебург. Ова беше трета победа за тимот од Франција во групата – Б, а трет пораз на Германците.

Во првата фаза од овој натпревар ниту една екипа не се “одлепи“ толку резултатски забележително, па така на пауза се замина со тие 16:15 за домашниот состав, за Магдебург. Сепак во второто полувреме гостите заиграа далеку подобро и второто полувреме го добија со резултат 12:17, сосема доволно за голема победа со која сега се наоѓаат на делба на второто место заедно со ПИК Сегед веднаш зад Барселона.

Магнусон со 7 голови кај домашните беше најдобар стрелец, додека кај победничкиот состав тоа беше Мине со 9 погодоци.

ПретходноЕуфорија во Белград: Ц. Звезда билетите за мечот со Барса ги продаде во рекордно време!
СледноБарса го “скрши“ Монако!