Модриќ за судијата: Го знам од шпанската лига, навикнат сум

276

Хрватска одигра 3:3 против Полска во Варшава во 4.коло на Лигата на нациите и покрај тоа што водеше со 3:1. Полска се врати, а во последните 20 минути тргна по пресврт поради исклучувањето на голманот Доминик Ливаковиќ. Хрватите пропуштија да осигураат пласман во четвртфинале на ЛН, а остана на второто место со три бода повеќе од Полска, а три помалку од Португалија. Следните мечеви им се против Португалија дома и против Шкотска во гости.
Лука Модриќ реагираше на исклучувањето на Ливаковиќ.
Не сакам да зборувам за судиите. Ливаковиќ ја изби топката, можеби во тој момент го удрил противничкиот играч, меѓутоа според мене тоа не е за црвен картон. Меѓутоа, имаше многу ситуации во кои судијата можеше подобро да суди. Го знам од шпанската лига, навикнав на неговото судење“, изјави Модриќ.

Судија на мечот беше шпанскиот арбитар Ернандез Ернандез.

Нема што повеќе да кажам за тоа. Што е, тука е. Нема смисол да трошам зборови на судиите. Имаше многу добри работи меѓутоа штета што го примивме тој гол на крајот на првото полувреме, затоа што ги вративме во игра. Да отидевме на одмор со 3:1, сигурно ќе беше поинаков меч во второто полувреме“, додаде капитенот на Хрватска.

ПретходноАлкалоид со засилен состав по нова европска титула на Европскиот клупски куп во Србија
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА