Томас Тухел и официјално е новиот селектор на репрезентацијата на Англија.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го објави назначувањето на 51-годишен стратег за нов предводник на „Гордиот Албион“. Тој ќе започне со работа од 1 јануари.
Договорот на Тухел со ФА ќе трае една и пол година.
„Многу сум горд што ја имам чест да го водам англискиот тим. Одамна чувствувам лична поврзаност со фудбалот во оваа земја и тоа веќе ми даде неколку неверојатни моменти. Тесно соработувајќи со мојот помошник Ентони Бери, ќе направиме се што можеме за да ја направиме Англија успешна и навивачите горди. Сакам да им се заблагодарам на ФА за нивната доверба и со нетрпение го очекувам нашето заедничко патување“, рече Тухел.