Пеп искрено: Во ЛШ не би сакал да играм против Барселона,тоа би ме уништило!

76

Пеп Гвардиола изненади со тоа дека се појави во една популарна ТВ емиисија во Италија на која говореше, се разбира, на фудбалски теми. Тој тука кажа дека ги почитува Марадона и Пеле, но дека за него Меси е најдобриот фудбалер во историјата.

Со оглед на фактот дека во последните три сезони во ЛШ во елиминациската фаза постојано за ривал го добива Реал Мадрид, менаџерот на Манчестер Сити одговори на тоа против кој тим не сака да игра во завршницата во Лигата на Шампионите:

Па, веројатно Барселона. Љубовта која ја имам кон тој клуб би ме уништила. Никогаш не е лесно да играш против нив, посебно за мене кога сите знаат што чувствувам кон Барса. Роден сум во мало градче покрај Барселона и никогаш не ми било лесно да играм против Барселона“ искрено си кажа Пеп Гвардиола.

ПретходноБарса го “скрши“ Монако!