Пред Тухел е поставена голема цел, a дури десет кандидати биле во игра за селектор на Англија

181

Целта пред новиот селектор Томас Тухел е да го направи англискиот национален тим светски шампион. Во оваа насока тој беше избран од група од десетина кандидати, објасни извршниот директор на ФА, Марк Булингем.

Направивме интервјуа со десетина луѓе. Јасно е дека некои од нив го сакаа постот повеќе од другите. На крајот, многу сме задоволни што се договоривме со Томас Тухел. Веруваме дека имаме најголеми шанси да освоиме светско првенство со него и мислиме дека тој беше најдобриот кандидат за таа работа“, рече Булингем.

Отсекогаш бевме јасни дека ја сакаме најдобрата личност за оваа позиција. Мислиме дека ова и го должиме на земјата, како и на самите играчи. Затоа, ние ги поддржуваме и им обезбедуваме лидер кој ќе им помогне да напредуваат. Сфаќаме дека во текот на селекцијата молчевме, но тоа беше неопходно не само заради нас, туку и од почит кон кандидатите“, додаде директорот на Фудбалската асоцијација на Англија.

Со кои десет кандидати покрај Тухел е разговарано не е откриено, а поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер открива дека двајца од тие се Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти.
Според „Скај“ Тухел потпишал договор на 18 месеци, а ќе заработува помеѓу 6,5 милиони и седум милиони евра годишно што е повисока плата од неговиот претходник Герет Саутгејт кој добиваше нешто помалку од 6 милиони евра годишно.

ПретходноЧаневски: Сакаме да и приредиме ракометнo уживање на охридската публика
СледноОперирана Серена Вилијамс