Јаник Синер, најдобриот тенисер во моментов немаше никакви проблеми во 1/4 финалето на егзибицискиот турнир „Шесте кралеви“ во Ријад против Данил Медведев и успеа да го победи со 2:0 во сетови. Италијанецот првиот сет го доби со 6:0, додека вториот сет го доби со 6:3, па така за само 69 минути просто го декласираше. Синер утре во 1/2 финалето се среќава со Новак Ѓоковиќ и тоа ќе биде реприза од минатонеделното финале во Шангај кога победи Синер.
Во второто полуфинале, Рафаел Надал го очекува победникот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Холгер Руне.