Струмица вечерва по историја: Втора победа за 1/16-финале во Купот на ЦЕВ

168

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица вечерва (18 ч.) во Капошвар ќе го одигра реванш мечот од 1. коло во Купот на ЦЕВ. По извонредната партија и убедлива победа на првиот меч во Струмица со 3:0, избраниците на тренерот Кире Ричлиев вечерва на гостувањето во „Капошвар Арена“ се надеваат на уште една моќна партија и потврда на пласманот во 1/16-финалето од ова натпреварување.

Клубот-репрезентација, каков што годинава е нашиот првак, има доволно квалитет и вторпат да слави над унгарскиот претставник. Предводени од Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов, Владо Милев, Маџунков и останатите наши репрезентативци, струмичани имаат сериозен европски квалитет за да ја остварат и втората европска победа.

Доколку вечерва се оди според планираното и Струмица го потврди пласманот во следната рунда, таму ќе има супер-предизвик во еден од најдобрите турски состави оваа сезона, екипата на Галатасарај.

Судии на вечерашниот меч ќе бидат Бојан Бардиќ од Хрватска и Лукаш Краловиц од Словачка.

ПретходноШефот на Ла Лига побара укинување на Светското првенство за клубови
СледноБилетите за последниот настап на Надал се продадоа по цена и од 141.000 евра!