Тухел за “Вембли“: Пеле беше сосема во право!

387

Денеска и официјално Томас Тухел е назначен за нов селектор на Англија. ФА го посакуваше Пеп Гвардиола, но мораше да се задоволи со Германецот кој има освоено ЛШ со Челзи, а беше тренер и во Мајнц, Дортмунд, ПСЖ и Баерн Минхен.

На денешната промоција на пресот, Германецот одговараше на повеќе новинарски прашања, а едно од тие беше дали знае што има кажано славниот Пеле за “Вембли“, за еден од најкултните стадиони во светот.

Еве што одговори Германецот:

Да, само што ја прочитав изјавата на Пеле за Вембли. Тој кажа: Вембли е срцето, главно место и катедрала на фудбалот! Мислам дека сосема беше во право“ посочи Тухел кој не го криеше задоволството од тоа дека нов селектор на Англија, веројатно, по бразилската, најжешката клупа во репрезентативниот фудбал.

ПретходноСинер си поигруваше со Медведев и си закажа 1/2 финале со Ѓоковиќ!
СледноКарлито го “збриша“ Руне и си закажа “последен танц“ со Рафа!