Голманот на ГРК Охрид, Градимир Чаневски зборуваше за медиумите во пресрет на натпреварот од Европскиот куп на ЕХФ против Потаиса Турда. Се работи за една од најсилните екипи во ова натпреварување.
„Се среќаваме со еден од фаворитите за освојување на овој Куп. Тие имаат одлична екипа, исполнета со многу репрезентативци на Романија, Грузија и други земји.
Ние имаме квалитет да одиграме добар натпревар и сакаме да приредиме вистински празник за охридската публика. Сите ја посакуваме победата и се надевам дека ќе оствариме добар резултат во пресрет на реваншот“, изјави Чаневски.
Охриѓани ќе го одиграат мечот со Романците на домашен терен на 19 октомври со почеток од 19:00 часот. Реваншот е закажан за седум дена подоцна.